Најмалерозниот тенисер на свет

Шпанскиот тенисер Алехандро Давидович-Фокина дефинитивно е најмалерозниот спортист во последно време. Синоќа во финалето на турнирот во Вашингтон од серијата 250, Давидович-Фокина имаше три меч топки против Алекс де Минор но на крајот изгуби после три часа и пет минути тенис, 5:7, 6:1, 7:6.

Фото: Epa Images
Фото: Epa Images
Photo: EPA Images

Фокина годинава изгуби три финалиња, а во двете имаше меч топки. 26-годишниот Шпанец на крајот плачел од фрустрација зошто во вториот сет при 5:2, па при 5:3 имаше три меч топки. Ги пропушти сите. 

Во 2021-ва година во големото финале на Отвореното првенство на Монако, во дуел против Стефанос Циципас, Шпанецот Алехандро Давидович Фокина имаше исто меч топки но изгуби на крајот во три сета.

Во 2022-ра година во големото финале на турнирот во Хамбург, Давидович Фокина беше на праг од првата шампионска титула на еден голем турнир но пропушти неколку меч топки и изгуби од Лоренцо Музети.

28 јули 2025 - 12:04