Матко со страшно голчиште ја продолжи мизеријата на Бока Јуниорс

24-годишниот Матко Милјевиќ, фудбалер на аргентинскиот тим Хуракан ја продолжи неверојатно негативната серија на Бока Јуниорс од 11 меча без победа, најдолга во историјата на овој гигант од Буенос Аирес. Хуракан синоќа ја совлада Бока со 1-0 во 3-то коло од аргентинската Примера дивизија. Милјевиќ постигна прекрасен гол од далечина.

Матко Милјевиќ е роден во Мајами, на Флорида во САД од хрватски родители, а дедо му бил Хрват кој емигрирал во Аргентина во 1945-та. Матко досега играл за Архентинос Хуниорс, за Монтреал, за Њуелс Олд Бојс и сега игра во Хуракан.

Од 2025-та настапува за репрезентацијата на САД иако има хрватски пасош и државјанство.

 

28 јули 2025 - 10:38