Јапонец како молња постави нов светски рекорд на 100 метри во У-18

Сорато Шимизу на 16 години го урна рекордот од 10,01 поставен од Јошихиде Кирју во 2013 година. На меѓусредношколската атлетска трка на 100 метри во Хирошима, тој истрча за точно 10 секунди. Инаку апсолутниот светски рекорд и натаму го држи Јусеин Болт со време од 9,58 секунди.

27 јули 2025 - 08:36