Кевин Њокас во ултрас издание со Комити

Едвај две недели има откако направи трансфер од Металург во Вардар, а веќе ги воодушеви навивачите и со вакви гестови им станува миленик. Њокас блесна против Мешков Брест со 8 од 8, а вечерва во дербито против Пелистер навиваше и скокаше од трибина како прав навивач.

Инаку Вардар го доби Еурофарм Пелистер со 29:25. Тимур Дибиров постигна 10 гола.

Бомбастичното издание на Њокас кој експлодираше во Јане Сандански со 8 од 8.

26 септември 2021 - 22:19