- Во присуство на владина делегација на чело со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовки, денес во населбата Кисела Вода во состав на основното училиште „Невена Ѓеоргиева - Дуња“ беше отворен нов покриен базен.
- На отворањето беше најавено дека до крајот на летото ќе се отворат уште и четири вакви објекти кои се градат од страна на истата компанија.
- Ракометните федерации на Македонија, Србија и Словенија подготвуваат заедничка кандидатура за организација на Европското првенство во машка сениорска конкуренција во 2034 година.
- Ова беше потврдено на Собранието на Ракометниот сојуз на Србија, каде претседателот Божидар Ѓурковиќ откри дека веќе се одржани неколку состаноци меѓу претставниците на трите федерации и дека е постигнат начелен договор за заеднички настап во трката за домаќинство.
- Според предложениот план, шампионатот би се играл во трите земји, при што во секоја од нив би се организирале по две групи од првата фаза. Србија би била домаќин на завршниот викенд и натпреварите за медали.
- После 11 извозени трки во Формула 1 сега е летна пауза. Патувачкиот циркус продолжува од 21 до 23 август во Холандија.
- Во генералниот пласман во моментов води најголемото изненадување на сезоната, младиот 19-годишен Италијанец Кими Антонели од Мерцедес со 219 поени.
- Втор е Луис Хамилтон од Ферари кој го подигна нивото и формата и досега собра 169 бода па активно ќе се бори за титулата. Трет е Џорџ Расел од Мерцедес со 160 поени а четврти Шарл Леклер од Ферари со 138 освоени бодови.