За време на младинското Европско првенство во бокс кое се одржува во Србија, на Златибор, во финалната борба за златен медал во категорија до 75 килограми боксувале Јусуф Агакишијев од Азербејџан и Виктор Мајсторовиќ од Србија. Во еден момент од борбата, тренерот на Азербејџанецот влетал во рингот и го нападнал македонскиот судија. Целиот срамен настан се случувал пред многу деца на трибините кои биле шокирани што гледаат.