Кој на Хаваи, кој на Бахами, Јока пие пиво на ергела

Едно видео кое прави паралела меѓу расположението на Јокиќ во моментот кога стана НБА шампион и кога неговиот сакан коњ победи на коњски трки доволно објаснува што му е најголема страст во животот. Јокиќ цело лето одмора во родниот Сомбор и следи коњски трки на кои учествуваат и коњи од неговата ергела. И пие пиво. Некој на мајтап вели, на акција.

28 јули 2025 - 11:36