Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Русија може подобро

Селекторот на репрезентацијата на Русија, Дик Адвокат по триумфот над Чешка со 4:1 воопшто не беше еуфоричен и победата на неговите избраници ја оцени како многу добар резултат. Холанѓанецот на клупата на Русија, очигледно е свесен дека ова е само прв натпревар на турнирот и дека нема потреба од еуфорија бидејќи за пласман во следната рунда потребни се победи и во дуелите со следните противници.

Перфектен старт на Русија

Во првиот настап на Европското првенство во Полска и Украина, селекцијата на Русија забележа убедлива победа од 4:1 во дуелот против Чешка. По овој триумф, но пред се според прикажаната игра во деведесетте минути на теренот во Вроцлав, избраниците на селекторот, Дик Адвокат потврдуваат дека со право се вбројуваат меѓу главните фаворити во групата А, но и дека се меѓу најсериозните кандидати за највисок пласман.

Најмоќните спортски фотографии

Велат една фотографија вреди 1000 зборови. Овие спортски фотографии вредат многу повеќе.

Започнува шоуто на ЕУРО 2012

По чекање од четири години, дојде и тој ден. Започнува фудбалскиот спектакл на кој 368 играчи од 16 репрезентации ќе атакуваат на пехарот од Европското првенство во Полска и Украина.

Леброн за мајсторка на Истокот

Неверојатниот Леброн Џејмс со 45 поени го спаси Мајами на гостувањето кај Бостон и се избори за седми натпревар и тоа пред своите гледачи на кој ќе биде одлучен финалистот од Истокот.

Глумецот Тони Паркер

Џабе беше во брак со Ева Лонгорија кога ништо не научил од неа. Паркер не може да одглуми ни еден фаул.

Лионел Меси е најпродуктивен фудбалер

Фудбалската опсерваторија на ФИФА во рамките на Интернационалниот центар за спортски студии го прогласи Лионел Меси за најпродуктивен фудбалер во конкуренција на играчите од петте најсилни лиги во Европа.

Побрзи од сирената

Најдобрите поени во последна секунда од досегашниот тек на сезоната во НБА лигата.

Шпанија го загуби трагичарот Пресиадо

Само еден ден откако беше именуван за нов тренер на Виљареал, од срцев удар почина 54-годишниот Маноло Пресиадо, омилениот лик во шпанскиот фудбал чиј живот беше одбележан од трагедии.

19 години од смртта на Дражен Петровиќ

На денешен ден во 1993-та година во сообраќајна несреќа во Германија на 28-годишна возраст загина Дражен Петровиќ, еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња.

Веселиот Бразилец од Финска

Бразилецот Марсело Матроне кој игра во третата фудбалска лига во Финска стана познат во цел свет, но не по неговите голови.

Оклахома преку Сан Антонио до НБА финалето

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер направија голем пресврт против Сан Антонио Спарс во финалната серија на Западната конференција и се пласираа во големото финале на НБА лигата.

Евро 2012 "тежи" четири милијарди

Според последните процени на вредноста на фудбалскиот пазар, 368 играчи кои ќе настапат на Европското првенство за националните тимови вредат вкупно 3,85 милијарди евра и ова натпреварување ќе влезе во аналите на фудбалската игра како "највредно" во историјата.

Македонија паѓа и кога игра добро

И покрај тоа што Македонија ремизираше со Португалија и Ангола, нашата фудбалска репрезентација забележа пад од три места на ранг листата на ФИФА.

Потенцијални ѕвезди на ЕУРО 2012

На Европското првенство во Полска и Украина ќе настапат скоро сите најголеми фудбалски ѕвезди на стариот континент, но и помлади фудбалери кои имаат потенцијал да блеснат и да го искористат ова натпреварување за пробивање кон врвот. Ова се дел од нив.

Тврда шкотска глава

Прославите можат да бидат болни, а понекогаш може и крв да падне, ама Шкотланѓаните си немаат гајле.

И Федерер знае да збесне

Навикнати сме да гледаме „ладнокрвен" Федерер, но и тој е обичен човек кој понекогаш знае да се изнервира кога губи и да им се развика на гледачите кои галамат додека топчето се уште е во игра.

Бостон го изненади Мајами

Кошаркарите на Бостон победија на гостивањето кај Мајами со 90:94 и поведоа со 3:2 во финалната серија на источната конференција.

Хероите на Европските првенства

Преостануваат уште само три дена до почетокот на ЕУРО 2012 и можеме само да погодуваме кој фудбалер ќе го одбележи ова издание на најинтересното европско фудбалско натпреварување. Да се потсетиме на ѕвездите од минатите изданија на шампионатите на Европа.

Поранешен фудбалер на Челси ќе трча на ОИ

Фудбалерот Адем Џемили кој седум години играл за младинските тимови на Челси, ќе настапи на Олимписките игри но не како фудбалер, туку како член на атлетскиот тим на Велика Британија.

ЕУРО 2012 - првенство на странци

На Европското првенство ќе учествуваат 16 репрезентации со по 23 фудбалери од кои 34 не се родени во државите кои ќе ги претставуваат, а 11 од нив не се ни родени во Европа.

Модерни тифози

И навивачите веќе не се тоа што беа. Португалците го формираа нивното знаме со помош на стотина таблет компјутери пред пријателскиот натпревар со Турција.

Оклахома на чекор до финалето

На кошаркарите на Оклахома им е потребна само уште една победа за прв пласман во НБА финалето во историјата на клубот откако славеа на гостувањето кај Сан Антонио со 103:108.