Интернационалниот центар за спортски студии (CIES) е формиран од ФИФА во рамките на Универзитетот во Нојшатл, Швајцарија. Фудбалската опсерваторија во рамките на овој универзитет ги рангира фудбалерите според протуктивноста во минута, а при ова рангирање во предвид се земени повеќе фактори и статистики како шутирање, проигрувања и креирање на шанси.
По анализирањето на 908 фудбалери од шпанската Примера, англиската Премиер лига, италијанската Серија А, германската Бундеслига и француската Лига 1, за најпродуктивен фудбалер е прогласен Лионел Меси.
Тројцата најпродуктивни фудбалери доаѓаат од шпанската Примера. На втората позиција е Чави, а трет е Кристијано Роналдо.
Најпродуктивен фудбалер во Премиер лигата е Давид Силва од Манчестер Сити, Андреа Пирло од Јувентус е најпродуктивен во Италија, најпродуктивен фудбалер во германската Бундеслига е Франк Рибери од Баерн Минхен, а во Франција тоа е Андерсон Нене од ПСЖ.