Оклахома не само што ја прекина серијата од 20 победи во низа на Сан Антонио, туку тие им нанижаа четири порази во серија и со конечни 4:2 изборија пласман во финалето на НБА лигата.
Сан Антонио на овој натпревар имаше водство и од 18 поени, но наследниците на Сиетл Суперсоникс повторно предводени од Кевин Дурент кој реализираше 34 поени и 14 скокови, успеаја да направат голем пресврт и на крајот да триумфираат со 107:99.
Расел Вестбрук постигна 25 поени, Џејмс Харден 16, а Серж Ибака 10 поени. Тони Паркер одигра одлично прво полувреме за Спарс, но во второто постигна само осум од неговите 29 поени. Тим Данкан го заврши натпреварот со 25 поени и 14 скокови, а Стивен Џексон со 23.
Во големото финале на НБА лигата, Оклахома Сити Тандер ќе се сретнат со подобриот од дуелот Бостон - Мајами.
Најдобрите потези на натпреварот: