По осум операции за четири години, британскиот спринтер Дерек Редмонд конечно се подготви за Олимписките игри во Барселона во 1992-та година. Но по само 150 истрчани метри на трката од 400 метри, тој повторно се повреди. Неговиот татко се проби низ обезбедувањето и му помогна на Редмонд да ја заврши трката.
Фотографија која ја доловува моќта на Марадона. На одредени моменти од натпреварот против Белгија на Светското првенство во 1982-та година Диего Армандо Марадона го чуваа шест противнички фудбалери.
Една од најмоќните спортски фотографии на сите времиња. Мухамед Али стои над нокаутираниот Сони Листон и извикува „Стани и бори се!".
Сопственикот на Далас Маверикс конечно се израдува на титулата минатата сезона по победата. Марк Кјубан е познат по своите постојани конфликти со раководството на НБА лигата и освојувањето на трофејот го прослави на свој начин.
Јута Џез израмни на 2:2 во финалната серија во 1997-та година против Чикаго Булс, а Мајкл Џордан требаше да го пропушти петтиот натпревар заради грип. Но тој не ги послуша лекарските совети. Џордан одиграа 44 минути за кои постигна 38 поени, а ја постигна и решавачката тројка пред целосно исцрпен да се сруши во рацете на Скоти Пипен кој го изнесе од теренот.
Руските и американските атлетичарки водеа голема борба за златниот медал. Американката Кери Страг го повреди зглобот по првиот обид, но сепак не се откажа и го издржа и вториод обид со кој таа го обезбеди златото.

Најмоќната фотографија во Олимписката историја. Американецот Џеси Овенс освои четири златни медали на Олимписките игри во 1936-та година во Хитлеровиот Берлин.