Со 338 поени, македонската фудбалска репрезентација повторно се врати на 101-то место на ФИФА ранг листата. Падот се должи на резултатите од минатото, како и на успесите на другите репрезентации кои забележаа скокови на листата.
Пред нас со 343 поени се пласираше Нов Зеланд чија репрезентација забележа скок од дури 30 позиции, а со ист број поени 102-та позиција ја делиме со Судан.
На ФИФА листата пред нас се „велесилите" Централно Африканска Република, Уганда, Бахреин, Грузија, Оман, Того и Виетнам, а зад нас друштво ни прават Северна Ирска, Гвајана, Антигва и Барбуда, Зимбабве, Малави...
Сите конкуренти од квалификациската група А за Светското првенство 2014-та година имаат далеку подобар пласман од нашата репрезентација. Најдобар рејтинг има Хрватска на осмото место, следува Србија на 34-та, Велс на 38-та, Шкотска на 41-та, а Белгија е на 54-та позиција.
На врвот на листата останува Шпанија, а сега на второто место се искачи Уругвај. Зад нив се Германија, Холандија и Бразил.