Кошаркарите на Бостон имаа шанса со победа во својата сала да го обезбедат пласманот во големото финале на НБА лигата, но Мајами славеше со 79:98 и израмни на вкупни 3:3 во финалната серија на источната конференција.
Гостите ја имаа контролата уште од самиот старт и бргу дојдоа и до двоцифрена предност. Најзаслужен за овој триумф беше „кралот" Леброн Џејмс со 45 поени и 15 скокови, а 30 поени постигна уште во првото полувреме. Свој допринос во победата на Мајами имаше и Вејд со 10 поени.
Рондо со 21 поен и 10 асистенции беше најефикасен кај Бостон, а Бас и Гарнет постигнаа по 12.
Решавачкиот седми натпревар ќе се одигра во Мајами во недела наутро во 2:00 по наше време.
Најдобрите потези на натпреварот:
Домашните навивачи секако не беа задоволни со резултатот, а поседно со шоуто на Леброн и по натпреварот го полија со пијачка: