
Исто како Сан Антонио и кошаркарите на Мајами Хит беа изненадени на домашен терен. Бостон Селтикс се на чекор до финалето во НБА лигата и за два дена ќе ја имаат меч топката пред своите гледачи.
Мајами водеше во текот на првото полувреме, а гостите направија пресврт во третата четвртина и ја најавија неизвесната завршница.
Во последната минута од натпреварот Пол Пирс со тројка го доведе Бостон на +4, а на конечниот резултат го постави Кевин Гарнет од слободни фрлања.
Кевин Гарнет со 26 и Пол Пирс со 19 поени беа најефикасни кај Бостон, а Леброн Џејмс со 30 и Двејн Вејд со 27 беа единствени кај Мајами кои постигнаа двоцифрен број на поени.
Најдобрите потези на натпреварот: