Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Се закачаш со погрешен судија

Ај да видиме кој има храброст на овој да му каже „судија педер". Тренерот на губитникот од оваа ММА борба си ја научи лекцијата.

Најплатените спортисти во светот се боксери

Магазинот Форбс ја објави својата листа на 100 спортисти со најголема заработка, а изненадувачки на врвот не се Бекам, Леброн или Тајгер Вудс, туку двајца боксери. Флојд Мејведер одработи само две борби, во рингот вкупно помина помалку од еден час и заработи 85 милиони долари.

Орален секс за сите ако Мајами биде шампион

Порно актерките Сара Џеј и Анџелина Кастро ветија орално задоволување за сите кои ги следат на Твитер ако Мајами Хит ја освои титулата во НБА лигата.

Луда траекторија

Матиас Варг од финскиот клуб Јаро постигна прекрасен гол од слободен удар за победа од 2:3 на гостувањето кај ТПС.

Неизвесна иднината на најтрофејниот фудбалски клуб

Најпознатиот шкотски и најтрофеен фудбалски клуб во светот, Глазгов Ренџерс е изоставен од распоредот на шкотската лига за следната сезона и му се заканува исфрлање од лигата и одземање на титули.

Соиграчите го заќутеа Балотели

Марио Балотели постигна прекрасен гол за Италија во победата од 2:0 над Ирска, а неговите соиграчи веднаш го цензурираа и го спречија да направи некоја нова будалаштина.

Хрватска оди дома, Шпанија и Италија во четвртфинале

Не се исполнија предвидувањата на Италијанците дека Шпанија и Хрватска би можеле да одиграат со резултат кој ќе значи нивна елиминација. Италија и Шпанија се патниците во четврт-финалето од групата Ц, а Хрватите заедно со Ирците ги спакуваа куферите.

Ќе има ли хрватско-шпански договор?

На натпреварите помеѓу Шпанија и Хрватска, односно Италија и Ирска ќе се одлучат патниците од групата Ц во четврт-финалето на Европското првенство. Ќе одиграат ли Хрватска и Шпанија со резултат кој ќе ја елиминира Италија?

Најдоброто од ЕУРО 2012

Европското првенство во Полска и Украина освен добар фудбал ни понуди и добри девојки. Понудата е толку добра што бевме на тешки маки додека ги одбереме најдобрите 20.

Хорор несреќа во Ле Ман

Трката „24 часа Ле Ман" изобилува со несреќи, а така беше и оваа година. Главната улога ја имаше Ентони Дејвидсон кој за среќа помина само со повреда на грбот.

Кога тенисерите ќе збеснат

Не се случува често да биде прекинат еден тениски натпревар заради инцидент како оној на Давид Налбандијан, но не ретко во минатото и на овие спортски натпревари сме гледале нервозни испади на тенисерите.

Несопирливиот Леброн за водство на Мајами

Кошаркарите на Мајами Хит предводени од Леброн Џејмс ја победија Оклахома со 91:85 и поведоа со 2:1 во големото финале на НБА лигата.

Факти од Евро 2012

До крајот на првиот дел од шампионатот останаа да се одиграат уште четири меча. Епилогот во групите Ц и Д се уште не е познат и освен Шведска и Република Ирска останатите шест селекции имаат шанси за пласман во вториот круг. Еве неколку интересни податоци за постигнувања на поединци на шампионатот во изминативе денови.

Заслужена елиминација

Со три порази по точно 32 години, репрезентацијата на Холандија не успева да се пласира во втората фаза од некое големо натпреварување. Разочарувањето во Холандија е огромно, овој состав се вбројуваше меѓу најсериозните кандидати за освојување на првото место, но лошото издание на крај им донесе последно место во групата со само два постигнати и пет примени погодоци.

Кристијано за историја

Со двата гола постигнати во дуелот против Холандија, Кристијано Роналдо забележа уште еден рекорд во кариерата. Напаѓачот на Реал Мадрид стана првиот португалски фудбалер, кој успеал да се запише во листата на стрелците на пет големи натпреварувања.

Затоа се успева

Како по обичај нашите ракометари повторно со голем мотив влегоа во дуелот против Австрија и на крајот заслужија пласман на Светскиот шампионат, кој следната година ќе се одржи во Шпанија. Уште при интонирањето на химните се гледа желбата за успех, а на спротивната страна може да види, кој е кој.

Адвокат нема врска

Ако претходно дел од репрезентативците на Русија говореа дека најзаслужен за добрите резултати во изминатиов период е селекторот, Дик Адвокат по елиминацијата на Европското првенство, Марат Измаилов е првиот, кој го тврди спротивното.

Кого удрам не жалам

Обично вести за прекинати мечеви поради удирање на судија сме гледале од фудбалски, кошаркарски или евентуално хокеарски натпревари, но дојде време да видиме и прекин на тениски дуел.

Торес среќен за Шпанија

Напаѓачот на Челзи, Фернандо Торес во досегашниот тек од кариерата во дресот на шпанската репрезентација досега постигнал 30 погодоци и освен во првиот настап против Италија во 2004 година, "црвената фурија" секогаш успевала да победи.

Русија заслужи елиминација

Кондициониот тренер во руската репрезентација, Холанѓанецот, Рејмонд Ферхејен на својот Твитер профил веднаш по натпреварот со Грција објави дека елиминацијата е заслужена.

Шпанија нема да изневери

Голманот на италијанската репрезентација, Џанлуиџи Буфон само еден ден по сомневањето дека неговата репрезентација може да биде жртва на заговор и на крајот да остане без пласман во следната фаза, сепак очекува дека селекцијата на Шпанија ќе триумфира во дуелот со Хрватска, но поголемиот дел од работата треба да ја завршат неговите соиграчи и да забележат победа против Република Ирска.

Можете да ме обесите

Селекторот на репрезентацијата на Шведска, Ерик Хамрен по поразот од Англија со кој неговиот тим е елиминиран од натамошниот настап на Европското првенство, целосно ја презема одговорноста за неуспехот во Украина.

Шмуда излезе на мала врата

Веднаш по елиминацијата од Европското првенство, полскиот селектор, Францишек Шмуда најави повлекување од функцијата. Селекцијата на Полска имаше идеална шанса како домаќин на турнирот, нои поради квалитетот на групата да се пласира во четврт-финалето, но сепак настапот пред своите навивачи не го донесе очекуваниот пласман.