Факти од Евро 2012

До крајот на првиот дел од шампионатот останаа да се одиграат уште четири меча. Епилогот во групите Ц и Д се уште не е познат и освен Шведска и Република Ирска останатите шест селекции имаат шанси за пласман во вториот круг. Еве неколку интересни податоци за постигнувања на поединци на шампионатот во изминативе денови.

- Кристијано Роналдо е седмиот фудбалер, кој успеал да постигне гол на три или повеќе Европски шампионати. Португалецот им се приклучи на Ибрахимовиќ, Анри, Шмицер, Постигам Клинсман и Нуно Гомеш.

- Во изминативе два настапи англиските репрезентативци имаат 84 додавања преку теренот кои се на растојание подолго од 30 метри. Втори се Германците со 79.

- Последен пат Холандија е елиминирана во првиот круг на едно големо натпреварување на Европското првенство во 1980 година.

- Холандија никогаш досега нема три порази по ред на ЕП или на СП. Последен пат три неуспеха во серија во било која конкуренција има во 1990.

- Голот на Ларс Бендер против Данска во 80-тата минута е најдоцна постигнат победнички погодок на првенството.

- Чесите по втор пат на шампионатите се пласираат во следната фаза со негативна гол разлика. Првиот беше во 1996 и тогаш играа во финалето.

- Противниците на Англија на два меча ниту еднаш не се најдоа во офсајд позиција.

- Само два тима триумфирале на Европските првенства откако во фазата по групи забележале три победи. Франција во 1984 и Шпанија во 2008 (имале шест или девет бода).

- Германија никогаш досега на ЕП не успеала да забележи три победи во фазата по групи. Три триумфи се постигнати на Светските шампионати во 1970 и 2006 година.

- Со голот што го постигна на мечот против Данска, Лукас Подолски стана шестиот најдобар стрелец во историјата на Германија. Тој има вкупно 44 и го надмина легендарниот Уве Зелер. Најефикасен е Герд Милер со 68 погодоци.

18 јуни 2012 - 01:07