Леброн Џејмс со 29 поени и 14 скокови и Двејн Вејд со 25 поени, 7 скокови, 7 асистенции и 2 украдени топки беа најзаслужни за победата на Мајами во третиот натпревар од финалната серија на НБА лигата.
На полувремето Мајами имаше предност од еден поен (47:46), а одлучувачка беше третата четвртина од натпреварот кога Мајами ги надокнади десетте поени заостанување, а во овој период на клупата замина и Дурент заради четири лични грешки.
Кевин Дурен со 25 поени и Расел Вестбрук со 19 поени беа најефикасни кај поразените.
Големото финале на НБА лигата се игра до четири добиени, а четвртиот натпревар се игра ноќта помеѓу вторник и среда.
Најдобрите потези на натпреварот:
Бонус: Сполстра одигра одлично во одбраната