Евроголот на Мато и пеналот за Вардар кој крена бура
Најголемото македонско дерби Пелистер - Вардар заврши 1:2 во корист на Скопјани кои ги освоија трите бода и привремено се искачија на прво место на табела. Дербито на реновираниот стадион „Петар Милошевски“ донесе убав амбиент на трибините, кореографии, пиротехника и убави голови. Рожерс Мато постигна прекрасен гол од далечина во 54' минута, Пелистер израмни преку детето на Вардар Петар Петковски само шест минути подоцна. Во 83' минута Вардар доби пенал на кој Битолчани протестираа бурно. Реализираше капитенот Горан Закариќ за победа 1-2.