"Не ги коментирам изјавите на колегите од репрезентацијата, но јас воопшто не уживав додека Адвокат беше на чело на репрезентацијата. Не го сакам како личност, а не го ценам ниту како тренер", изјави Измаилов во интервју за руската станица Спорт 1.
По оваа изјава на 29-годишниот фудбалер во Русија се прашуваат зошто Измаилов чекаше да си замине селекторот и да каже што мисли за него.