"Русија е елиминирана, апсолутно заслужено. Во второто полувреме имаше посед на топка од 80%, но играа без идеја и создадоа не многу шанси за гол. Честитки за Грција и Чешка. Фудбалот е едноставна игра, треба да постигнете повеќе голови од противникот и така заслужено стигнувате до победата. Се бројат головите, а не шансите", напиша Ферхејен.
Во текот на натпреварот Русите имаа вкупно 62% посед на топка, упатија 25 удари кон голот на противникот од кои 10 одеа во рамките додека на спротивната страна Грција во 90 минути шутираше пет пати, а само два одеа кон целта.
Во корист на избраниците на Дик Адвокат е и бројот на корнерите, а односот е 12:5, но сето тоа не беше доволно ниту да се освои бод и Русија на крајот остана без пласман во следната фаза.
Инаку за селекторот Адвокат и неговиот стручен тим ова беше последен натпревар на чело на репрезентацијата бидејќи договорот истекуваше на крајот од шампионатот.