"Нема потреба да поднесам оставка, договорот ми истекува во овој момент и нема да го продолжам. Воопшто не гледам причина зошто треба да пишувам оставка", беа првите зборови на селекторот, кој веднаш беше посочен како главен виновник за неуспехот.
Сепак тој смета дека овој тим постигнал голем напредок во изминативе три години и дека во иднина треба да се очекуваат подобри резултати иако смета дека тоа требало да се случи токму на овој шампионат.
"Ова е одличен тим, а вистинската вредност ќе ја забележите веќе во квалификациите за Светското првенство. Лично сметам дека пласманот во следната фаза за овие момчиња беше преголем залак, но сепак имавме шанса за подобар пласман. На сите мечеви среќата не беше на наша страна, а да реализиравме само еден процент од шансите сега ќе бевме меѓу првите две селекции во групата", рече Шмуда.
Сега веќе поранешниот селектор смета дека добро си за вршел работата и дека не треба да ги објаснува своите потези, но дека си заминува горд што бил на чело на овој талентиран тим.