Торес среќен за Шпанија

Напаѓачот на Челзи, Фернандо Торес во досегашниот тек од кариерата во дресот на шпанската репрезентација досега постигнал 30 погодоци и освен во првиот настап против Италија во 2004 година, "црвената фурија" секогаш успевала да победи.

На последниот настап во дресот на националниот тим против Република Ирска, Торес беше двоен стрелец, а Шпанија победи со 4:0 и благодарение на овој податок, јавноста во земјата врши огромен притисок врз селекторот, Висенте дел Боске и во следниот меч со Хрватска, "деветката" да се најде во стартната постава.

Дваесет и осум годишниот Торес со 30 гола е третиот најдобар стрелец во историјата на националниот тим, пред него се Давид Виља со 51 и легендата на Реал Мадрид, Раул со 44 погодоци. Со оглед на фактот дека Раул веќе нема да настапува за репрезентацијата, јасно е дека од Торес се очекува да најде на второто место на вечната листа и потоа да тргне во евентуално соборување на рекордот на напаѓачот на Валенсија.

Во Шпанија сите веруваат дека Торес ќе погоди и на дуелот со Хрватска и доколку се почитува традицијата, тогаш "фуријата" сигурно победува.

17 јуни 2012 - 14:32