Offside

Двајца навивачи на Партизан со сигурност се навивачи на сезоната иако таа штотуку почна.

Не е можно од тука да промашиш!

Готово! Ја имаме утката на сезоната. Не на сезоната, туку на векот! „Мајсторот“ се вика Али Сами Јахир и игра во алжирската лига.

Училиште за англиски јазик: Паоло Ди Канио

Продолжува револуцијата во Сандерленд под водство на Паоло Ди Канио. Италијанскиот стратег во текот на летото им го промени цел стил на живеење на своите фудбалери, а сега им нареди и да учат по пет нови зборови секој ден.

Светско првенство за сите навивачи

Ова е насловот на полисата за навивачи која ја претстави маркетинг директорот на ФИФА Тиери Вејл. Тој се пофали дека Мундијалот во Бразил имал најевтини билети во однос на сите други големи спортски светски случувања и дека нема да бидат гратис ниту за самите спонзори на првенството.

Тикет на колото

По паузата за интернационалните натпревари, на прогарамата се враќаат националните првенства, а за нас тоа значи огромен избор на натпревари за составување на нашиот добитен тикет.

Голови на неделата

Изминатата недела не се одиграа многу натпревари во националните првенства, но тоа не значи дека и на интернационалните натпревари немаше добри голови. Ова се најдобрите десет голови на неделата.

Граѓаните се најдарежливи за плати

Според истражувањето на „Sportingintelligence" во соработа со магазинот „ESPN", Манчестер Сити е на прво место по делењето на најголема просечна плата во однос на сите останати спортски клубови во светот.

Жено така не се навива на тенис

Општо познато е дека кога се оди на тенис се седи мирно, се прати топчето и најчето се користи аплаузот. Оваа некултурна госпоѓа која следела меч на тукушто завршениот турнир УС опен во Њујорк не е запознаена со правилата, па почна да и фаќа сеир публиката, а работа му се отвори и на обезбедувањето.

Најдобрите играчи во последните 20 години

Светската кладилница „Betclic" со помош на своите фанови направи листа со десетмина фудбалери кои ги одбележаа последниве две декади.

Тајните на Сер Алекс

Алекс Фергусон повеќе не е тренер на Манчестер Јунајтед, но неговата сенка продолжува да се простира над Олд Трафорд и над целиот фудбалски свет. Легендарниот Шкотланѓанец ги откри тајните на неговиот менаџерски поход до 38 трофеи.

Како Зеленортските острови останаа без Мундијал

Малиот остров од Африка не успеа да си го исполни сонот и поради бизарна причина нема да има можност да стане најмалата африканска земја на едно Светско првенство.

Најголемите утки во историјата на фудбалот

На фудбалските терени редовно гледаме неверојатни ситуации во кои е потешко да промашиш отколку да погодиш, а некој ги издвоил 50. најголеми вакви утки во историјата на фудбалот и ги составил овие две урнебесни видеа.

Лас Вегас се подготвува за најголемиот боксерски настан

Ракавиците ќе ги вкрстат двајцата боксерски ѕвезди познати под прекарите „Пари" и „Златното момче". Според Форбс борбата можно е да биде најпрофитабилна во историја, а ќе сруши неколку рекорди и се очекува да донесе приход од околу 200 милиони долари.

Стриптизети ќе привлекуваат публика на стадион

Го најдовме решението за вечниот проблем со слабата посетеност на стадионите во Македонија. Нашите клубови треба да го следат примерот на швајцарскиот Луцерн и да ја подгреваат атмосферата пред натпреварите со помош на стриптизети.

Три во едно

Фудбалерот на бразилскиот клуб Гремио, Максимилијано Родригез успеа да му ја протне низ нозе топката на противникот од Наутико и тоа не еднаш, не два пати, туку три пати во рок од 10 секунди. Засрамениот дефанзивец немаше друг избор освен да го приземји.

Нема веќе непоразени на Евробаскет 2013

Домаќинот на Европското кошаркарско првенство, репрезентацијата на Словенија успеа да ја прекине серијата на Италија, а по втор пат киксна шампионот Шпанија.

Ножичките во мода

Периодов се изнауживавме во атрактивните голови со помош на акробација. Хит ни е е уште мајсторијата на Дејан Блажевски, а по него во ист стил настапи и младински фудбалер од Валенсија. Денеска внимание решивме да му посветиме на Карлос Кларк од Костарика, а не е за потценување ниту тој од американската колеџ лига.

Арената „Филип Втори“ кандидат за ЕУРО 2020

Фудбалската федерација на Македонија вчера официјално ја поднесе кандидатурата за нашиот најголем стадион кој ќе се бори да биде домаќин на некои од натпреварите на Европското првенство во 2020 година.

Македонија скокна 14 места на рангот на ФИФА

Со двете победи по ред против Бугарија и Велс, македонската фудбалска репрезентација успеа да се избори за голем скок на најновата ранг листа на ФИФА. Во моментов се наоѓаме на 75 позиција.

Истанбул фаворит за финалето на ЕУРО 2020

Денес истекува рокот за поднесување на кандидатури од страна на градовите кои сакаат да бидат домаќини на револуционерното Европско првенство во 2020. година кое ќе се одржи низ 13 градови на целиот континент.

Бекам потпиша за Арсенал

Синот на славниот пензиониран фудбалер тргна по стапките на својот татко, а првиот договор го потпиша со „Топџиите".

Премиерлигата конечно во пресрет на навивачите

Како поткрепа на новите рекорди во продажба на билети во англискиот фудбал за кои пишувавме вчера, стигна најновото истражување од островот според кое цените за гледање фудбал паднале за 2,4% во првите четири лиги.

Аут на денот

16-годишниот средношколец од САД, Ренди Гордон со помош на противничкиот голман го постигна најлудиот гол што ќе го видите денес.