Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Најбогатите пензионирани спортисти

Имаме тазе топ 10 листа со најбогати фудбалери на планетата на која прв е Кристијано Роналдо со 2 милиони евра повеќе кеш од Меси. Но да ги ѕирнеме и оние кои легачат и уживаат во парите, а кои според Форбс се најбогати за 2013 година.

Поради овој фаул ја откажа свадбата

Најкрвничкиот старт кој се случи овој викенд за кој некои коментатори знаат да кажат дека е за казна затвор, се случи во Израел. Фудбалерот на Макаби Хаифа, Рубен Рајос “без мозок“ му влезе на играчот на Јехуда, Рафи Дахан. 

Вардар - Пелистер ги урна рекордите на Типстер

Најголемото македонско дерби привлече огромен интерес во кладилниците и кај типувачите кои најмногу типуваа на победа на Вардар и го срушија рекордот за вложени, а воедно и загубени кредити.

Кој тоа си поигруваше викендов

По основа на атрактивен дриблинг избравме двајца мајсторишта од изминатово коло. Арен Јохансон од Аз Алкмар и Чеара од Крузеиро.

И жените знаат да тепаат

Американката Шанел Харисон која игра во кошаркарската лига на Финска, докажа дека и жените знаат да нокаутираат, но и покажа како се заработува отказ. Таа беше отпуштена од нејзиниот клуб Тапиолан Хонка веднаш по натпреварот.

Навивачка војна помеѓу Јувентус и Фиорентина

Ривалството помеѓу навивачките групи во Италија не познава граници. Вчерашниот меч во Торино беше повод за гостите од Фиренца повторно да распалат со пораки кои најдлабоко допираат во срцата на „Бјанконерите".

Патиките во НБА

Најк доминира во НБА лигата. Дури 284 од 442 играчи носат нивни патики, а ако се додадат и Џорданките кои се исто така на Најк, тогаш дури 72% од кошаркарите го носат овој бренд. 79 од нив го носат моделот Nike Hyperdunk, а во лигата се застапени 14 различни брендови.

Роналдо го победи Меси на листата на богаташи

Фудбалскиот портал Goal ја објави новата листа на најбогати активни фудбалери на светот, а на врвот пензионираниот Дејвид Бекам беше заменет од Кристијано Роналдо.

Јапонец во стил на Анри

Голот на викендот падна во Јапонија. Хисато Сато од Хирошима даде голчиште против Кавасаки во стилот на Тиери Анри и неговиот чудесен гол против Манчестер Јунајтед во 2000-та година.

Каде да ти шутнам?

Невообичаена сцена на австралиското дерби помеѓу Сиднеј и Вестерн Сиднеј Вондерерс. Хрватскиот голман од редовите на Сиднеј, Ведран Јањетовиќ му кажа на противничкиот фудбалер, Марк Бриџ каде да му шутира, а тој го послуша и се зезна.

Рома се предаде, Јувентус е шампион

По синоќешниот пораз од Наполи, тренерот на Рома, Руди Гарсија призна дека Рома повеќе нема шанси за освојување на првенството и Јувентус повторно ќе си ја одбрани титулата.

Тесен пораз за МЗТ Скопје во Загреб

Во голема и исцрпувачка битка, македонскиот кошаркарски шампион загуби на тешкото гостување од Цибона со 93:90 дури во продолжението од мечот во 23 коло од регионалната АБА лига

Осврт на единаесеттото коло на Бизнис Лигата

Мошне интересен расплет со уште поинтересни натпревари следевме во ова коло во Бизнис Лигата на Македонија.

Одлична партија на Антиќ како стартер

За прв пат по паузата заради повреда, Перо Антиќ се најде во стартната петорка и одигра одлична партија за Атланта Хокс, но неговиот тим во трилер завршница го забележа шестиот пораз во серија.

Бод како планина за вардаровите ракометарки

Нашиот женски ракометен првак остана непоразен на тешкиот гостински терен против германскиот противник Турингер со 24:24 и со тоа го задржа патот за пласман на фајнлфорот во Будимпешта кој ќе го брка во последното коло од групната фаза во ЛШ.

Тикет на колото

Ова е нашиот предлог тикет за викендов. Прочитајте, препишете и уплатете.

Голови на неделата

Матуиди, Меси, Туре, Бејл, Насри... со своите голчишта се најдоа помеѓу десетте најдобри погодоци од изминатата недела.

Уште една десетка за Антиќ

И на вториот натпревар по враќањето од повредата, Перо Антиќ постигна десет поени, но Атланта Хокс и од гостувањето кај Голден Стејт Вориорс се враќа со празни раце.

Над 14.000 трансфери во фудбалот за две години

Европската клупска асоцијација (ЕКА) го одржа 12-то генерално собрание на кое беа присутни 151 претставник на клубови од 53 фудбалски федерации. Истражувањето покажува дека во фудбалот владеат петте најсилни европски лиги кои направиле 5.491 трансфер.

Изгледа ги помеша главата и ногата

21 годишниот Ентони Касерес на натпревар од австралиското првенство ни го покажа најпожртвуваниот потег во фудбалот. Со овој обратен лизгачки старт успеа да стигне прв до топката и за среќа да не изеде крампон во глава.

Спорт во подем - фудголф

Што се добива кога ќе искомбинирате фудбал и голф? Фудголф! Се игра според правилата на голфот, само што наместо топче и голф палка, се шутира фудбалска топка.

95% од африканските фудбалери во Европа имаат лажна возраст

Жером Дуфург е француски бизнисмен и директор на фудбалскиот тим Таланта од Кенија. Во интервју за „serieaddicted“ тој отворено зборува како во Африка талентираните играчи за само 8 евра мито, вадат документи и “стануваат“ повозрасни за да се продадат во странство.  

Англиски второлигаш троши повеќе од Борусија Дортмунд

Финансискиот извештај на второлигашот Квинс Парк Ренџерс ги шокираше Англичаните.

Болниот хулиган се врати на стадион

Во минатото бил страшен хулиган, а сега е тешко болен пациент врзан за својот кревет. Бертус Сеилмакер по 12 години се врати на својот омилен стадион.