Во единаесеттото коло на Бизнис Лигата на Македонија се истакнаа следните поединци: Арбен Нухиу кај екипата на UNIQA со постигнати 8 погодоци, Антонио Ничевски кај екипата на ЕЛЕМ со постигнати 4 погодоци, Јовче Зузаровски кај екипата на Eurolink со постигнати 4 погодоци и Ивица Јанковски кај екипата на Montenegro со постигнати 3 погодоци, додека Александар Божинов кај екипата на Глобко Логистик кој постигна 3 погодоци е најдобриот 5-ти играч на ова коло.
За голман на единаесеттото коло е прогласен Јорданчо Јакимоски - голманот на екипата на Montenegro, а за тренер на колото е прогласен тренерот на екипата на UNIQA – Борче Богески.