Спорт во подем - фудголф

Што се добива кога ќе искомбинирате фудбал и голф? Фудголф! Се игра според правилата на голфот, само што наместо топче и голф палка, се шутира фудбалска топка.

До сега има регистрирани федерации во 14 држави, а во 2012-та година се одржа и Светско првенство во Унгарија.

Во него се имаат пробано и неколку познати поранешни фудбалери како Франк де Бур, Руд Гулит, Рој Макај, Хозе Луис Чилаверт, Хуан Себастијан Верон, Жан-Пјер Папен и Кристијан Карембу.

7 март 2014 - 15:26