Во 27-то коло од италијанската Серија А, Јувентус ја победи Фиорентина со 1:0, а со истиот резултат Рома загуби на гостувањето кај Наполи.
На 11 кола до крајот Рома сега има 14 поени негатива зад Јувентус и натпревар помалку. Но дури и да победат на заостанатиот натпревар против Парма, екипата на Рома ќе се доближи на 11 поени што сепак е големо заостанување зад Јувентус.
До крајот на првенството Рома нема многу тешки натпревари, освен гостувањето кај Фиорентина и дуелот со Јувентус во Торино во претпоследното коло, но сепак нема шанси до толку да киксне за да испушти толкава предност.
По ремито со Интер и синоќешниот пораз, Рома сега има само три поени предност во однос на Наполи во борбата за втората позиција која директно води во Лигата на шампиони.
Тренерот на Рома призна дека повеќе нема шанси со Јувентус и е свесен дека неговиот тим веќе нема да се бори за титулата, туку за задржувања на второто место.
„Математички трката за Скудетото сè уште не е завршена, но реално гледано, ова е крајот. Има огромна разлика помеѓу Рома и Јувентус. Сега ние треба да се фокусираме на осигурување на втората позиција", изјави Руси Гарсија.