Атланта Хокс ја продолжи црната серија од пет порази. Овој пат тие загубија од Голден Стејт Вориорс со 111:97.
Кошаркарите на Атланта се држеа се до пред крајот на првото полувреме кога домаќините со серија од 12:1 направија двоцифрена предност која ја одржуваа до крајот на натпреварот.
Перо Антиќ одигра уште еден солиден меч. И на вториот натпревар по враќањето од повредата тој постигна 10 поени, а овој пат додаде и 2 скока и 1 асистенција.
Најефикасен кошаркар на натпреварот беше Дејвид Ли со 18 поени, а Пол Милсеп имаше одлично враќање по повредата и постигна 16 поени за Атланта.
Атланта ја завршува низата шест гостувања во вторник наутро во два часот по наше време со натпреварот против Јута Џез.