Рајос секако дека заработи црвен картон, но кутриот Јехуда ќе лежи долго време со гипс, ќе паузира од фудбалот повеќе месеци, а мораше и да ја помести и свадбата која му беше закажана за три недели.
„Рајос се обиде да ми стави крај на кариерата. Никогаш нема да му го заборавам стартот. Ова беше криминал“, изјави Јехуда.
За тие кои се гадат од вакви видеа нека не ја гледаат репетицијата од 1:17.