Таг: макаби хаифа

Меси и Мбапе пак им го земаа паметот на противниците

Само четири дена откако ја побудалеа цела одбрана на меч во првенство, убиствениот тандем продолжува со пеколно темпо и во ЛШ. Имаат 4:1 по само 45 минути игра против Макаби Хаифа. Два гола на Меси, по еден на Мбапе и Нејмар. Лео со две мајстории и нова прекрасна акција во комбинација со Килијан.

Несмасната интервенција на Борјан и трагичниот автогол на Павков со кои Звезда остана без ЛШ

Фудбалерите на Црвена Звезда не успеаа да стигнат до групната фаза од Лигата на шампионите откако не го поминаа последниот филтер во квалификациите. Пресуди Милан Павков кој во 90-та минута си постигна автогол.

Конечно некаква корист да има и од скратен корнер

Минатиот викенд во дербито на израелската лига, Макаби Тел Авив со 2-1 го совлада Макаби Хаифа. Единствениот гол за гостите го даде Сун Механем во 32’ минута после еден школски изработен скратен корнер. Обично епилогот на ваквите обиди е мизерен па стоперите џабе дошле во шеснаесетник.

Најхрабриот судија на сезоната доаѓа од Израел

Во последниве пар недели просто неверојатно изгледаа фудбалските стадиони во Израел, земја во која имаше сериозен воен конфликт и земја која речиси комплетно се вакцинираше. Крцаа до последно место, со навивачки песни, пиротехника и прослави.

Тотенхем даде 7 гола, ама погледнете каков прими

Најголемата голеада синоќа во ЛЕ се случи во Лондон каде Тотенхем ја демолираше Макаби Хаифа со 7:2. Обрнете внимание на израмнувањето на гостите во 17-та минута, дело на Холанѓанецот Тјарон Шери.

Гол во Лига Европа каков што ретко се гледа

Иако неочекувано поведе со 0-1 во 34' минута, радоста на Жељезничар од Сараево во квалификациите за Лига Европа кратко траеше. Макаби Хаифа израмни со страшниот гол на 10-та Тјарон Чери, а до крајот победи со 3-1 и се пласираше во следна рунда.

Јас ВАР викнав, не снимка од гаража да ми пуштате

Во Израел имаше смешна случка со ВАР. На мечот Макаби Хаифа-Беитар судијата отишол да гледа спорна ситуација од 93-та минута, ама му пуштиле нешто друго.

Голман пајак

Имаме уште еден голман што заслужува гајба пиво од соиграчите. Тоа е чуварот на голот на Макаби Хаифа кој една шанса, односно три во една акција, вака им ја скроти на фудбалерите на Стразбур во квалификациите од ЛЕ.

Поради овој фаул ја откажа свадбата

Најкрвничкиот старт кој се случи овој викенд за кој некои коментатори знаат да кажат дека е за казна затвор, се случи во Израел. Фудбалерот на Макаби Хаифа, Рубен Рајос “без мозок“ му влезе на играчот на Јехуда, Рафи Дахан. 

МЗТ во завршницата потлекна пред израелскиот шампион

Актуелниот шампион на Македонија и покрај одличната партија, не успеа да обезбеди победа во второто коло од Еврокупот против Макаби Хаифа. Клучни беа последните моменти од мечот кога „Металците“ ја испуштија предноста која ја имаа скоро на целиот меч и загубија со 83:86.