По поразот од 3:2 во Израел, Црвена Звезда одигра 2:2 во Белград, но има зошто да жали што ќе продолжи во ЛЕ, а не во ЛШ, бидејќи Маракана ја фрли во транс со предност од 2:0 и ја прокоцна со два несреќни потези.
Во 27 минута резултатот го отвори Пешиќ.
Само 15 минути подоцна следуваше прекрасна акција на момците на Станковиќ во која Пешиќ беше асистент, а Иваниќ стрелец за 2:0 во 42 минута.
Во судиското продолжение беше драма. Милан Борјан одбрани пенал, но веднаш потоа прими гол од далечина, кој се чинеше дека можеше лесно да го скроти.
И кога се надзираа продолженијата два пати по 15 минути, Милан Павков со автогол во 90-та му пресуди на својот тим, кој само од влезот во групната фаза во ЛШ ќе заработеше 18 милиони евра.
Со Макаби Хаифа, пласман во ЛШ преку плејофот синоќа обезбедија и Бенфика и Викторија Плзен.