КУЛМИНАЦИЈА ВО ФИНАЛЕ НА КУП
Лудата сезона во израелскиот фудбал го достигна врвот со големото финале на тамошниот Државен Куп. Играа Макаби Тел Авив и Хапоел Тел Авив, два големи градски ривали. Прво вакво финале од 1994-та година.
На модерниот стадион „Блумфилд“ пред преполни трибини (околу 30.000 гледачи) Хапоел Тел Авив прв доаѓа во водство во 31' минута преку Омри Алтман и црвениот дел од трибините полудува од прослава.
Во 73' минута Јонатан Коен израмнува на 1-1 и жолтите прават пиротехнички спектакл. Се играа продолженија а таму Макаби поведува 2-1 преку Луис Ернандез во 96' минута.
Во 115-та минута Хапоел израмнува на 2-2 со гол на Шаи Еисен но судијата Јигал Фрид решава да прегледа ВАР додека црвените слават во еуфорија и им го поништува поради прекршок на почеток на акцијата во која паднал голот. Луда храброст и реално оправдана одлука:
ЛУДА ПРОСЛАВА НА ШАМПИОНСКА ТИТУЛА ЗА ХАИФА
Пред само неколку дена, Макаби Хаифа ја освои шампионската титула во Израел откако со 3-2 на домашен терен го победи Хапоел Бер Шева во последното коло.
Тоа беше прва титула за Макаби Хаифа после цели 10 години (последната ја освоија во 2011-та). Хаифа заврши прв со 4 бода пред минатогодишниот шампион Макаби Тел Авив кој во последното коло одигра 2-2 дома против Хапоел Кирјат Шмона.
Макаби ја обезбеди титулата на својот стадион „Сами Офер“ пред 35.000 гледачи. Уште во првиот дел водеа со 3-0 а гостите до крајот успеаа да намалат на 3-2.
Погледнете ја прославата на титулата на Макаби Хаифа: