Дејви Пропер од Брајтон или бил уште пијан од нова година или љут на проклетата англиска традиција да се игра фудбал на првиот ден од годинава. Мечот Брајтон - Бурнемут 2:2 се играше во 13:30. За 2 секунди собори двајца играчи на земја, онака без пардон.
Во првиот меч од Копа Америка, Колумбија со 2:0 го победи домаќинот САД, а мечот го одбележи повредата на фудбалерот на Реал Мадрид кој се обиде да симулира прекршок, но камерите го уловија.
Неколку пати го гледаме видеово и не сфаќаме дали линискиот судија сигнализира фаул, корнер, замена, аут, пенал или од пусти страв го одбра најлесното решение?
Во време кога критериумите за досудување прекршок беа други, Манчестер Јунајтед прими гол кој се смета за еден од најконтроверзните постигнати во финале.
Дефанзивецот на Севиља, Беноа Тремулинас со две нозе брутално го фаулираше Дрис Мертенс на пријателската меѓу Франција и Белгија која заврши со победа на Белгијците од 4-3. Французинот не доби ниту жолт картон, а Мертенс можеше да заврши со скршена нога.
Ако на времето Михајловиќ можеа да го казнат со 8 меча кога го плукна Кежман во Лигата на шампионите, тогаш во денешно и уште построго време, детево треба да одмори една година од фудбал.
Пораз од 4:1 на куп натпревар во Перу тешко се прифаќа, а фудбалерите на Боливар не сакаа нути да го доиграат. На судијата дури петмина играчи му “се жалеа“ на повреда, па мораше да свири крај. За играта да продолжи потребни се седум во екипа.
Глумење во напад е кога Инзаги ќе ти падне во шеснаесетник, глумење во одбрана е кога напаѓачот ќе го издигаш на клоци па нема да ти се верува што судијата не сака очи да ти види на терен.
Најкрвничкиот старт кој се случи овој викенд за кој некои коментатори знаат да кажат дека е за казна затвор, се случи во Израел. Фудбалерот на Макаби Хаифа, Рубен Рајос “без мозок“ му влезе на играчот на Јехуда, Рафи Дахан.
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Сандерленд синоќа беа дрва и во пенал рулетот промашија дури седум од вкупно 10 изведени удари од белата точка. Згора на се не добија прекршок од човекот кој наместо да им суди, ги фаулираше комично.
Фудбалерот на Стандард дефинитивно овој викенд заслужи да влезе во нашата рубрика офсајд лик. На натпревар од белгиското првенство тој беше жртва на најгрдите фаули, но за скршеницата на зглобот одговори дрско за што доби црвен картон.
Има и други начини како да спречите контра напад, но 19 годишниот Гаспер Инигуез на средбата помеѓу Аргентинос и Бока Јуниорс го избра најболниот за него. Немој да учите од него, ќе ве боли.