Ниту еден играч не би посакал да му биде во кожа на 24 годишниот Карсела кој имаше неславен натпревар со својот тим на гостувањето против Левен кој заврши без голови.
Белгискиот фудбалер кој настапува за селекцијата на Мароко се соочи со два доста неспортски фаули за кои без двоумење се доделува црвен картон. Во првиот старт од зад грб настрада неговата лева нога, а Алесандро Чериџони заслужено беше исклучен.
Но по само четири минути, на крајот од првото полувреме, следуваше вториот уште понеспортски прекршок овој пат од страна на Бјор Рујтингс. Тој отиде директно на зглобот на Карсела овој пат на десната нога, а згора на се доби само жолт картон и се правеше луд како ништо да не се случило.
Судијата потфрли и не го испрати во соблекувалната, па бесот директно в лице му го истури најоштетениот фудбалер овој викенд кој заврши со скршен зглоб, а потоа и со црвен картон.
Мехди Карсела не е за прв пат жртва на опасни фаули. Во 2011 година за време на последното коло од белгиското дерби помеѓу Генк и Стандарт, по еден несмасен удар во глава остана во бессознание, а потоа заврши на операција.