Offside

Судењето по повод смртта на легендарниот Диего Марадона е продолжено во Аргентина, а ново сведочење на судскиот вештак донело потресни детаљи за последните денови и часови од животот на еден од најголемите фудбалери на сите времиња.

Ристевски 29-ти на слаломот

Антонио Ристевски го оствари најдобриот пласман на Зимските Олимписки игри во македонската историја, завршувајќи на 29-то место на денешната слаломска трка во Сочи.

Тикет на колото

Ова е нашиот избор на најсигурни типови од богатата викенд понуда со кои го составивме нашиот тикет на колото.

Голови на неделата

Премногу убави голчишта беа постигнати во изминатите седум денови, а помеѓу најдобрите десет се ремек-делата на Балотели, Нејмар, Емерсон, Сориано, Кварезма...

Последниот диктатор од Европа кој ќе го спасува Фулам

Поранешниот стратег на Баерн Минхен кој викендов ќе дебитира на клупата на последнопласираниот клуб од Премиер лигата, со својот метод на работа или ќе го извлече клубот од калта или бадијала ќе ги исцеди своите фудбалери. Трето нема.

Напаѓачи со најдолг пост во Серија А

И по повеќе од половина завршена сезона во Италија, многу фудбалери на кои им е работа да ги полнат мрежите никако не успеваат да го разбијат малерот.

Вие додека читате Руни си стави 30 фунти в џеб

Од денеска имаме нов најскапо платен фудбалер во светот. Не е ниту Роналдо, ниту Меси, ниту Ибрахимовиќ.

Олимпиецот кој си формираше ски федерација

Британските Девствени Острови никогаш немаат снег, но имаат скијачка федерација која ја формираше еден ентузијаст само за да може да учествува на Зимските Олимписки игри во Сочи.

Червар: Барселона е фаворит број 1 во ЛШ

Неприкосновениот каталонски гигант е последниот гостин во „Борис Трајковски" во групната фаза од ракометната Лига на шампиони кој му гостува на тимот од Автокоманда. Заедно со Веспрем се единствените две екипи кои не знаат за пораз оваа сезона.

Марадона ќе игра за петтолигаш

Диего Армандо Марадона му се враќа на фудбалот! Легендарниот Аргентинец на 53 години ќе се активира во петтолигашот Депортиво Риестра.

Пакистанецот со дрвени скии стигна до Сочи

Мухамад Карим, дечкото што како мал тренирал со рачно изработени дрвени скии, си го исполни својот сон да настапи на Зимски Олимписки игри, а успеа и да ја заврши велеслаломската трка.

Старт на пролетниот дел на Бизнис Лигата на Македонија

На 24.02.2014 (понеделник) ќе отпочне пролетниот дел на Бизнис Лигата на Македонија.

Гостопримливи домаќини во Европа

Откако на четирите натпревари од Лигата на шампиони триумфираа гостинските екипи, денес во нокаут фазата од Лига Европа од 16 одиграни натпревари домаќините се радуваа само на два!

Меси му дише во врат на Раул

Откако го стигна на вечната листа на стрелци во Примера, а го мина легендарниот Алфредо Ди Стефано, четирикратниот освојувач на „Златната топка“ за брзо време ќе го потисне Раул Гонзалес и во Лигата на шампионите.

Да се немало усул со карлингов

Како никогаш до сега оваа дисциплина од Зимските Олимписки игри стана најпопуларна, но повеќе како мајтап, па кој стигне почна да се глупира играјќи со кучиња, тенџериња, кациги, луѓе. Еве и по трет пат ќе ги предупредиме да внимаваат.

Како сам да си наместиш волеј

Колега на Роналдињо од Атлетико Минеиро непречен од никого покажа како треба сам да си ја наместиш топката и да упатиш неодбранлив волеј удар.

Офсајд лик на денот: Ибрахим Н’донг

Репрезентативецот на Габон денес ќе го пропушти најважниот натпревар во неговата кариера откако заработи повреда од рекламно пано.

За добронамерен слоган казна од 2.000 евра

Џонатан Мегиа Руис кој настапува во втората шпанска лига се обиде да даде само мала поддршка за која неочекувано ќе мора да плати казна.

Доказ дека карлингот е опасен спорт

Текстот дека карлингот е поопасен спорт од ски скоковите го примивте со многу сомнеж, па еве имаме и доказ кој ги потврдува статистиките.

Најлудиот фото-финиш во Сочи

Големата желба за олимписки медал носи епски битки на Зимските Олимписки игри во Сочи, а најдобар пример за тоа е четврт-финалето во ски крос.

Наполитанците во поход на островот

Нашиот единствен претставник на европската фудбалска сцена по елиминацијата во групата на смртта од Лигата на шампионите, со својот тим се сели еден ранг подолу. Конкуренцијата во Лигата на Европа се засили и со Шахтјор, Јувентус, Бенфика, Викторија Плзен, Базел, Порто и Ајакс.

Олимпискиот шампион во ски скокови има страв од висина

Спортистите се подготвени да победат многу пречки во животот за да го достигнат врвот. Таков е примерот со олимпискиот шампион во ски скокови кој се плаши од висина, како и скијачот кој бил алергичен на ладно време.

Сите спортови се геј

Инспириран од рекламава за санкањето, Џими Кимел се обиде да докаже дека секој спорт може да изгледа геј ако се успори снимката и се додаде музика.

Зоран Предин премиерно во Офсајд

Трендо го објавува кога ќе му начека песна, Илина го објавува кога ќе му начека книга, а еве го начекавме и ние. Познатиот словенечки рокер натепа судија по натпревар од кошаркарскиот Еврокуп во Љубљана.

Уште еден полн плен за гостите

Малку несвојствено за нокаут фазата од Лигата на шампионите, но по гостинските победи на ПСЖ и Барселона, традицијата во осминафиналните дуели вечерва ја продолжуваат Баерн Минхен и Атлетико Мадрид кои обезбедија предност пред реванш средбите на домашен терен.