Чиле триумфално против Австралија

Алексис Санчес и Хорхе Валдивија се запишаа во историјата на Светските првенства откако во 12 и 14 минута му донесеа водство на својот тим кој славеше со 3:1 во синоќешниот трет меч од вториот мундијалски ден.

Група Б

Чиле - Австралија 3:1
Санчез 12' Валдивија 14' Босежур 90 - Кејхил 35'

Ниту еден тим во досегашните 19 Светски првенства не успеал толку брзо да постигне два гола на планетарниот фудбалски настан, Санчез и Валдивија тоа успеаа да го сторат за 120 секунди. Тим Кејх намали во 34 минута, а конечните 3:1 ги постави Жан Босежур во последните мигови од средбата.

Шпанија - Холандија 1:5
Алонсо 27'(п) - Ван Перси 44', 72', Робен 53', 80', Де Вриј 65'

Светскиот шампион Шпанија доживеа дебакл од Холандија во репризното финале од 2010. Чаби Алонсо го отвори мечот од пенал, а пресвртот го најави Ван Перси во претпоследната минута од првиот дел. Лалиљата во второто полувреме беа немилосрдни со четири погодоци.

Група А

Мексико - Камерун 1:0
Пералта 61`

Во групата А, Мексико забележа минимална победа против Камерун со 1:0 со голот на Орибе Пералта.