Гордиот Албион на колена пред Аѕурите

Со головите на Маркизио и Балотели, Италијанците ја добија мега пресметката против Англија во најтешката група на Мундијалот и направија многу важен исчекор за пласман во следната фаза.

Група Д

Англија - Италија 1:2
Стариџ 37` - Маркизио 35` Балотели 50` 

Четата на Чезаре Прандели покажа како се добиваат дерби дуелите на големите натпреварувања и со овој триумф им ја отежнаа работата на англиските фудбалери кои нема да имааТ право на грешка на следните две средби.

Маркизио со одличен удар од дваесетина метри го отвори резултатот, но Англија реагираше многу брзо и по две минути го израмни резултатит преку Стариџ за 1:1 на паузата. Човек на одлука беше Марио Балотели кој по прецизниот центар шут на Кандрева ја смести топката во гол. 


15 јуни 2014 - 01:58