Според краткото известување на неговото семејство, Михаел Шумахер си заминува од болница, а рехабилитација ќе ја продолжи на друга локација која останува тајна.
45 годишниот Германски возач на Ф1 беше во кома од 29 декември минатата година, а интензивна нега добиваше во болницата Гренобл во Франција. За иднината на неговото здравје имаше разни шпекулации, а според последните информации тој повеќе не е во кома.
Седумкратниот светски шампион заработи тешки повреди на главата, кои ги доби при пад на скијање на Алпите.