Достоен пораз за БиХ

Фудбалерите на Аргентина се изнамачија против дебитантот на ова Светско првенство кој му пружи голем отпор на јужноамериканскиот состав. На стадионот „Маракана“ во Рио де Жанеиро „Гаучосите“ славеа со 2:1.

Група Ф

Аргентина - БиХ 2:1
Колашинац 3 (автогол) Меси 65 - Ибишевиќ 84

Фудбалерите на Босна и Херцеговина одлично се носеа против Аргентина на прв мундијалски меч кој го започнаа несреќно со автогол по само три минути игра. Водството за „Гаучосите“ го зголеми Меси преку акција кој самиот ја почна и ја заврши со неговиот препознатлив продор. Ѕвездата на Барселона го прекина постот од над 600 минути без постигнат гол за националниот дрес. Босанците се обидуваа да возвратат, а историскиот деби гол го постигна Ибишевиќ на шест минути до крајот.


16 јуни 2014 - 02:06