За прошталниот натпревар на српската легенда Драган Џаиќ, на стадионот „Маракана“ во Белград во 1979 година допатувал тазе Светскиот првак Аргентина кој го освои златниот пехар на свој терен една година претходно.
Селекцијата на Југославија не се квалификувала на тоа Светско првенство, а на пријателскиот натпревар се појавила со играчи исклучиво од домашното првенство.
Резултатот на последниот меч на Џаиќ бил во втор план, а целта била во голем стил и против голем тим да се организира достојно испраќање за едно такво име во фудбалот.
На теренот сепак се случило шоу кое минало во знакот на Сафет Сушиќ кој ги растурил Светските шампиони предводени од капитенот Даниел Пасарела, со маестрален хет-трик до 70 минута.
Пасарела и Раимонди ги постигнале двата гола за Аргентина, а Слишковиќ бил стрелец на четвртиот гол за Југославија која славела со 4:2.
Гол шоуто на 24 годишниот Сафет Сушиќ го имате во минута ипол.