Време е за светската фудбалска треска

СП Бразил 2014 ни беше омилениот таг изминативе месеци. Анализиравме, копавме по историјата, објавувавме видеа и дробевме за сè што е поврзано со спортскиот настан број 1 на кој последен пат се радувавме пред четири години во Јужна Африка.

Светското фудбалско првенство број 20 ќе се игра кај земјата која живее за фудбал и која е најголем освојувач со пет Златни пехари (1958, 1962, 1970, 1994 и 2002). Домаќинот е најголем фаворит, а вечерва во 22 часот го отвора спектаклот против Хрватска која ни беше противник во квалификациите.

32 селекции поделени во осум групи ќе се борат за првите две позиции кои носат пласман во осминафиналето, а како “група на смртта“, според квалитетот и рангот на селекциите се смета групата Д, каде покрај аутсајдерот Коста Рика се наоѓаат Италија, Англија и Уругвај кои се поранешни Светски шампиони.

ФИФА одлучи да го зголеми паричниот награден фонд за ова Светско првенство на кое ќе се доделат 422 милиони евра или два милиони повеќе од минатото. Светскиот првак ќе заработи 25,7 милиони, а поразениот во финалето 18,3 милиони евра.

Третата позиција носи награда од 16 милиони евра, а четвртата 14,6. Осминафиналистите ќе си заминат дома со по 6,6, четвртфиналистите со 10,2, а на сите учесници кои уште по првата групна фаза ќе бидат елиминирани ќе им следуваат по 5,8 милиони евра.

За фудбалското лудило ќе ви треба многу пиво, затоа што дневно ќе се пренесуваат по три натпревари, а доколку гледате секој ден маратонски, ќе треба да се укотвите пред ТВ во 18, 21 и 00 часот.

Лудилото ќе трае до 13 јули за кога е закажана финалната пресметка во Рио де Жанеиро.

Доколку испуштивте некое важно инфо поврзано со СП Бразил 2014 ќе ве потсетиме.

Симнете го распоредот во ексел.

Ѕирнете ги дресовите на сите учесници.

Новите топки со кои ќе се игра.

Топките со кои нема да се игра.

Инструкциите за навивачите.

Стадионите од близу.

Ценовникот за да се собере албумот.

Сите прогнозери кои не се луѓе.

Најдобрите кои ќе го следат Светското на ТВ.

Најдобрите кои се во форма.

Најскапата репрезентација.

Чудните барања на репрезентациите.

Кои се повредија пред Светско.

Играјте типстер, ќе има подароци за најдобрите петмина.

12 јуни 2014 - 17:31