Според правилата на Светската куќа на фудбалот, на натпреварите за време на Светското првенство ќе биде забрането да се внесе лап топ или таблет за да се избегне пренос на снимки преку интернет кои се строго заштитени со авторски права.
Според строгиот код на однесување кој важи за навивачите, не смее да се внесат знамиња поголеми од 2 x 1,5 метри, како и предмети не поголеми од 25 x 25см кои не можат да се сместат под седиштата.
На влезовите ќе бидат сопрени и оние кои ќе се обидат да влезат со маици или транспаренти на кои ќе бидат напишани било какви политички или дискриминирачки пароли кои се однесуваат на расизам или хомофобија.
Забрана ќе има и за внесување храна, пијалаци и домашни миленици, освен ако се работи за дијабетичари.
Како замена за бучната вувузела која се користеше на натпреварите на Мундијалот во Јужна Африка, во Бразил официјален инструмент требаше да биде каширолата. Но и таа ќе биде забранета откако имаше неуспешно деби на натпреварот меѓу Виторија и Бахиа.
Домаќините на навивачките групи нема да им дозволуваат да внесат и бакљи и други разни пиротехнички средства.