Чудните барања на репрезентациите во Бразил

Бразилски весник објави неколку необични барања од страна на репрезентациите кои ќе учествуваат на Светското првенство. Едно од нив е од Португалија која побара четири телохранители само за Роналдо.

За жал таблоидите сè уште не успеаа да ги дознаат барањата на манекените од Италија и Англија, но и овие кои ги имаме се доволно интересни.

Алжир: Сите соби да имаат Куран.

Чиле: Креветите да бидат нови и секоја соба да има ТВ со рамен екран.

Еквадор: Во секоја соба да има корпа со банани увезени од Еквадор.

Колумбија: Фудбалскиот клуб Сао Паоло да испрати 15 млади фудбалери за потребите на нивните тренинзи.

Уругвај: Тивки климатизери во собите.

 

Франција: Повеќето фудбалери се муслимани, па месото треба да биде подготвено во согласност со нивните верски правила. Во тоалетите треба да има течен сапун.

Хондурас: Телевизорите во собите да фаќаат шест ТВ канали на шпански јазик од кои два од Хондурас.

Јапонија: Џакузи во секоја соба.

Австралија: Кафемат во секоја соба и секој ден да имаат пристап до весници од целиот свет.

Швајцарија: Брз интернет и швајцарски ТВ канали во секоја соба.

Португалија: Шест бодигарди од кои четири само за Кристијано Роналдо.

Коста Рика: Голема соба полна со телевизори и видео игри за релаксирање на играчите.

24 април 2014 - 15:25