Предводени од Иниеста, Фабрегас, Рамос, Мата, Силва... актуелниот светски шампион во Бразил ќе пристигне со најскапата репрезентација на планетата чија вкупна вредност е проценета на 734 милиони евра.
Зад нив се домаќините кои важат за најголеми фаворити за освојување на титулата пред својата публика. Нивната вредност е 708 милиони евра. Во Топ 10 се и Аргентина, Германија, Белгија, Франција, Англија, Италија, Португалија и Колумбија.
На листата има неколку изненадувачки суми, како пласманот на Холандија на 14-то место зад Хрватска и Русија, а изненадува и фактот што САД и Мексико имаат за преку 100 милиони евра поевтини репрезентации од Швајцарија и Чиле.
Најевтина репрезентација има Иран чии фудбалери Меси може да си ги купи со својата годишна плата.