Откако го погребаа Пол, како добар прогнозер се покажа и ламата Николас која во 2012 година погоди дека Челси ќе го победи Ливерпул во финалето на ФА купот, а потоа и дека ќе ја освои и Лигата на шампионите.
Таа година предизвик за типување беше и Европското првенство во Полска и Украина па се појавија кравата Ивон, двоглавата желка Магдалена, морскиот лав од Бангкок, ласицата од Германија и овцата Сони од Нов Зеланд.
Точен прогнозер имаше и на германското финале од Лигата на шампионите во 2013 година, а победата на Баерн Минхен над Борустија Дортмунд во Берлин ја предвиде орангутанот Валтер.
За сега на Мундијалот во Бразил имаме неколку прогнозери од Зоолошка градина како Пандите од Кина и желката Лоли која смета дека на 15 јули Аргентина ќе ја совлада БиХ.
Животинското царство за сега го заокружуваме со слон од Германија, а доколку имате и вие некое домашно милениче кое го бива за типување кажете ни за да препишеме, а може да му отворите профил и на Типстер.