Прва сензација на СП 2014

Се случи првото големо изненадување на 20 Светско фудбалско првенство во Бразил. Фудбалерите на Коста Рока со фантастичен пресврт стигнаа до голема победа против Уругвај во “групата на смртта“.

Група Д

Уругвај - Коста Рика 1:3
Кавани 24` п - Кембел 54` Дуарте 57` Урена 84`

Фудбалерите на Уругвај кои важеа за големи фаворити на овој дуел не ги освоија планираните три боди и со тоа си го искомпликуваа патот до следната фаза. Развојот на настаните почна очекувано на стадионот „Кастелао“ во Форталеза со голот на Кавани од пенал, но Коста Рика одигра 45 минути во вториот дел со кои најави дека уште повеќе ќе ја зголеми неизвесноста во групата каде вечерва се среќаваат великаните Англија и Италија.

Кембел и Дуарте за само три минути го направија целосниот пресврт во второто полувреме. Уругвајците имаа јалови обиди за да се вратат резултатски, а фудбалерите на Коста Рика и покрај водството, повторно тргнаа во офанзива и со третиот погодок во мрежата на Муслера кој го постигна Урена на шест минути до крајот, го дотолчија противникот. Максимилијано Переира беше казнет со црвен картон во последната минута од мечот откако направи неспортски прекршок. 


14 јуни 2014 - 23:03