Двете високи победи на Флорида беа само најава за големото славје на кошаркарите на Сан Антонио Спарс, кои во петтиот натпревар пред своја публика повторно го добија бранителот на титулата со голема разлика од 104:87.
Мајами овој пат го имаше мотивираниот Леброн Џејмс со чија помош во првата четвртина имаше предност од 15 разлика, но домаќините се соземаа и по првите 12 минути ја стопија големата негатива на -7.
Спарси во вториот период се изборија за пресврт и на пауза заминаа со водство од 47:40, а потоа почнаа да ја зголемуваат предноста благодарение на расположениот играч од клупата, Петиј Милс кој изненади со четири тројки.
Во последната четвртина имаа водство од 77:58 со кое ја најавија прославата вкупно петта. Претходно се радуваа на титулата во 1999, 2003, 2005 и 2007 година.
Признанието МВП на финалето го освои Каваи Ленард кој ноќеска постигна 22 поени и со 22 години стана третиот најмлад играч кој го освојува ова признание. Помлади од него претходно беа само Меџик Џонсон и Тим Данкан.