За физичката подготвеност на Кристијано Роналдо Португалците не треба да стравуваат. Со неговата посветеност тој е подготвен за 90 минути на терен во секое време, а големата мундијалска пресметка против Германија дополнително ќе го мотивира.
Ноќта на 24 мај покрај славјето и пехарот на Реал Мадрид, во финалето од Лигата на шампионите, во центарот на вниманието беа и неговите коцки на стомакот кои ги истакна по постигнувањето на голот.
Најдобриот фудбалер на планетата за 2013 година за да ги добие тие стомачни води специјален начин на живот и затоа има тело како модел.
Работа:
- Во една работна сесија со тегови, крева исто колку што тежат 16 автомобили Toyota Prius.
- Додека гледа ТВ прави 3.000 стомачни.
- Исхраната полна со протеини и јаглехидрати и осумте часа спиење му даваат полна енергија за согорување.
Резултати:
- Неговите бутови се 62 см во обем.
- Со неговиот висок скок се одразува 2.88 метри од земја, повеќе од просечен НБА кошаркар, а силата измерена при неговиот скок е пет пати поголема од силата на гравитацијата, со што Роналдо е сличен со Ф1 болидите.
- Роналдо има масти помалку од супермодел.