Offside

Во Германија со месеци се дискутира проблематиката со инфлуенсери и влогери на стадионите а сега прв реагираше Динамо Дрезден, култниот клуб од источна Германија кој презема мерки со цел да се сузбие злоупотребата на права.

Голеада на „Триколорите“ за осминафинале

Фудбалерите на Франција се најефикасниот тим во досегашниот дел на Мундијалот во Бразил. По трите голови против Хондурас, составот на Дидие Дешамп ја декласираше Швајцарија со 5:2 за пласман во нокаут фазата.

Англиски репрезентативец затворал тегли со цвекло за 20 евра дневно

Меѓу белгиските репрезентации откривме дека има бизнисмени и правници, а доста занимливо е и минатото на фудбалерите на Англија каде има еден фанатик по правење скара, како и школуван фудбалер во скапо училиште кој знае латински јазик.

Тартан Армија се појави во Бразил

Репрезентацијата на Шкотска не се пласираше на Светското во Бразил, но за нивните навивачи тоа не значи дека нема забава. На арената во Сао Паоло беше развиорено шкотското знаме, а навивачот беше измешан со уругвајските фанови за дополнителен сеир наметен за нивните ривали од Англија.

Како да го следиш Светското ако си со оштетен слух и вид?

Планетарниот фудбалски собир е магнет за стари, млади, жени, деца, па дури и за оние кои не се по спортот. Кај домаќините се појавија двајца кои излажаа дека ќе седат на стадион, а овој навивач на посебен начин ја доживеа победата на Бразил над Хрватска.

Јапонија и Грција одиграа за Колумбија

По средбите Иран-Нигерија и Бразил-Мексико, најнепопуларниот резултат се случи и на мечот помеѓу Јапонија и Грција кои само и направија услуга на Колумбија која со две победи е сигурен патник во нокаут фазата.

Суарез кобен за Англија

Уште една фудбалска велесила најверојатно ќе го напушти Бразил уште по првата групна фаза. На клучниот дуел во „групата на смртта“ селекцијата на Уругвај ја исфрли од игра Англија и направи чекор плус за пласман во осминафиналето. 

Германија донесе профит, а Уругвај разочара

Мундијалското фудбалско лудило трае веќе една недела, а задолжителен дел од уживањето на ефикасните и интересни средби е и играњето Типстер на кој му се ближи крајот на првата сезона.

Првоодделенец се понудил да го тренира Селтик

Малиот Шкотланѓанец кој штотуку научи да пишува, реши да достави понуда за да го пополни тренерското столче на својот омилен клуб.

Белгиска полиција слави победа

Фудбалерите на Белгија со пресвртот над Алжир стигнаа до победа во првиот нивни меч на Мундијалот во Бразил. За навивачите тоа беше големо славје, но оние кои редовно се повод за вицови имаа задоцнета реакција низ празните улици во Брисел.

Чилеанецот кој голот го споредуваше со оргазам

Го паметиме најмногу во дресот на Интер, како и бројот 1+8 кој го носеше на грбот. Остави белег и во Реал Мадрид каде во 1995 титулата во Шпанија ја прослави како најдобар стрелец. Нападот на Чиле го предводеше заедно со Марчело Салас и беа препознатлив тандем во светот.

Ќе ви падне глупо за судијава

Костумосаниот господин имаше некој чуден редослед на поздравување пред мечот помеѓу Шпанија и Чиле, а од сето тоа сеирот го попи линискиот судија кој џабе се почеша.

Дејвид Мојс е баксузот на Шпанија

Конечно ги најдовме причините за дебаклот и срамот на Светскиот шампион. Тие не се должат на лошата тактина на Дел Боске или немотивираноста на играчите. Човекот кој ја баксузираше Шпанија се вика Дејвид Мојс кој во колумна за Sunday Times анализираше дека доминацијата на „Црвената фурија“ ќе продолжи и во Бразил. Браво мајсторе, ова дефинитивно е твоја фудбалска година.

Камерунците ќе се испотепаа по дебаклот од Хрватска

Фудбалерите на Хрватска го забележаа најубедливиот триумф без примен гол на досегашните натпревари на Светското првенство во Бразил. Камерун беше целосно надигран, но и посрамотен по високиот пораз.

Чиле го испрати светскиот шампион дома

Крај на шпанската доминација и магичната тики-така. Европскиот и светски првак Шпанија по петардата од Холандија, доби шлаканица и од селекцијата на Чиле која го надигра и го шокираше дрим тимот составен со фудбалери од Барселона и Реал Мадрид.

„Лалињата“ со многу маки до трите бода

Фудбалерите на Холандија се првата селекција која стигна до втора победа на Мундијалот и која со една нога е во осминафиналето. Австралија покажа заби на овој меч и беше многу потежок противник за тимот на Ван Гал за разлика од Светскиот шампион.

Македонија никако да постигне гол

По поразот од Камерун и ремито со Катар минатиот месец, македонската фудбалска репрезентација загуби и од Кина и со тоа ги продолжи неефикасните контролни натпревари пред есенскиот старт на квалификациите за ЕУРО 2016 година.

Кој ве удри за да паѓате?

Глумата и фудбалот често одат заедно кај играчите. Пример за тоа дека не е добро за фудбалот, не се ниту домаќините на Светското првенство кои имаат двајца претставници во првата куса компилација.

Светското на Англија ѝ донесе 2 милијарди фунти

Мундијалите покрај забава носат голем бизнис и тоа не само за тој што ги организира. Резултатот од утрешниот натпревар од групата на смртта помеѓу Уругвај и Англија ќе биде од голема важност за економијата во Велика Британија, каде од стартот на Светското угостителите многу повеќе ги тријат рацете.

Коби Брајант: Фудбалот е мојот омилен спорт

Едно од најпрепознатливите спортски ликови на планетата синоќа седеше на стадионот „Кастелао“ на мечот помеѓу Бразил и Мексико. Петкратниот НБА првак е голем фудбалски фан кој го следеше и мечот Германија-Португалија, а за сајтот на ФИФА вели дека посакува јужноамериканско финале.

Сите одбрани на Очоа

Мексиканскиот голман кој сигурно ви ги помати сметките во кладилница е најдобриот чувар на голот на досегашните 17 меча на Мундијалот. Скаутите кои ја скенираа неговата игра ќе се тепаат за него, затоа што договорот со Ајачио му истече и сега чини 0 евра.

Џокерот на Капело ја спаси Русија од пораз

Репрезентациите на Русија и Јужна Кореја го комплетираа првото коло од 20 Светско првенство во Бразил со конечни 1:1.