Во тешката сообраќајна несреќа која се случи на 31 мај минатата година, Блејлок возел во погрешна насока и усмртил жена, мајка на пет деца, а по неколку дена минати на интензивна нега тој едвај преживеа.
Поранешниот НБА кошаркар е осуден на 15 години затвор, од кои 8 му се условна казна, но доколку изврши 1.500 часа друштвено корисна работа и оди на третмани за лечење од алкохол вклучувајќи два пати неделно присуство на состаноци со анонимни алкохоличари, тој ќе може да излезе по 3 години.
47 годишниот Блејлок веќе подолго време има проблеми со алхоколот, а и покрај тоа што во сообраќајката не возел пијан, во наредните 15 години добил забрана за возење на автомобил.
Кариерата ја почна во Њу Џерси Нетс во 1989 година, а потоа седум години го носеше дресот на Атлатна. Кариерата ја заврши во 2002 година во Голдес Стејт Вориорс.
Тој има еден настап и на Ол стар викендите, а во кариерата оствари просечен учинок од 13,5 поени и 6,7 асистенции по натпревар.